Шести пораз по ред на Мрме во кипарското првенство!
Ангеловски на клупата на оваа екипа прстигна во октомври и од тој момент го водеше тимот на десет натпревари во кои има дури седум порази и три победи. Дебитираше со триумф над Красава (1-0) каде што во тој момент тренер беше уште еден македонски поранешен селектор, Чедомир Јаневски кој подоцна доби отказ, а потоа вториот триумф го оствари против Паралимини (5-1), екипа која е убедливо последна на табелата.
Третата победа беше во купот каде што го добија Кито со 4-0).
Викендов беа поразени од Чорака со 3-1, додека претходно подобри од нив беа: АЕК Ларнака (2-1), Никозија (0-1), Омонија Арадипу (3-2), Аполон (0-1), АПОЕЛ (4-1) и Пафос (4-0).
Во овој момент тимот на Ангеловски се наоѓа на 10-тата позиција со 14 бода, а ако нешто не се промени многу брзо нема да биде изненадување да видиме смена на клупата.
Инаку, токму Ангеловски заедно со Седлоски е главен кандидат за нов предводник на македонската репрезентација по заминувањето на Благоја Милевски.