Најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул итно бил примен во болница!

Најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул, Јан Раш бил итно примен во болница минатата недела, а сега се објавени детали за неговата состојба.

Денес 64-годишниот Раш бил прмен поради проблеми со дишењето и веднаш сместен на интезивна нега. Неговата состојба за среќа неколку дена подоцна значително се подобрила.

За целиот случај се огласи и Ливерпул заблагодарувајќи се на болницата за негата која била пружена на легената.

Во својата кариера, Раш 15 сезони помина во дрресот на Ливерпул и во тој период одигра 660 натпревари во кои посигна 346 погодоци. Исто така успеа пет пати да биде шампион на Англија и двапати го освојуваше Купот на европските шампиони.