Одложен натпревар од Ла Лига, најавено е големо невреме

Натпреварот помеѓу Леванте и Виљареал во рамките од Ла Лига кој беше закажан за денеска од 18:30 часот нема да се игра.

Имено, двата клуба потврдија дека натпреварот ќе биде одложен поради силно невреме и обилни врнежи од дожд кои се најавени на подрачјето на Валенсија во планираното време за дуелот.

Во овој момент не е познато кога овој дуел би бил одигран.