Вардар работи со полна пареа, договорен е и хрватски лев бек!
Како што се наведува, Вардар е веќе во сериознии преговори со хрватскиот лев бек, а неговото пристигнување би можело да значи и заминување на Вуко Борозан.
Покрај Љевар, најавите се дека Вардар треба да го засилат уште голманот Милан Бомштар, десното крило Вукашин Воркапиќ и централниот бек Жоао Педро Да Силва.
Очигледно, Вардар е сега стабилизиран и сериозно се работи на создавање на тим кој повторно ќе биде конкурентен и во Европа.