Мрме по црната серија остана без клуб!

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски поднесе оставка и заминува од клупата на кипарската Етникос Ахна откако со овој тим влезе во серија од шест порази во низа во првенството.

Преку социјалните мрежи, Ангеловски потврди дека оставката ја поднел на состанок со првиот човек на клубот, а со него зааинува и неговиот асистент.

„Денес остварив состанок на мое барање со претседателот на Етникос Ахна и ја поднесов мојата оставка на позиција главен тренер, а заедно со мене заминува и мојот асистент Милан Илиевски. Победите и поразите се составен дел од фудбалската игра но оставката е чин на морална одговорност. Му благодарам на претседателот за укажаната доверба, на сите вработени, навивачи и фудбалери за соработката. Им посакувам понатамошни успеси во иднина на личен и професионален план“, објави Ангеловски.

На клупата на овој клуб, Ангеловски пристигна во октомври и го водеше тимот на вкупно десет натпреври во кои имаше само три победи.