Рајо го погоди трагедија: Ненадејно починал млад фудбалер!

Од редовите на шпанскиот Рајо Ваљекано објавија таажна вест во која информираа дека млад фудбалер од нивната академија ненадејно починал.

Станува збор за фудбалер кој имал 15 години, Емер Моралес, а клубот не откри повеќе детали и кратко изрази сочувство до неговите најбписки.

„Сите во клубот сме потресени од смртта на Моралес кој беше дел од нашата академија. Изразуваме длабоко сочувство на неговите блиски, семејството и пријателите“, стои во објавата на Рајо.