Ден за „вечното“ дерби: МЗТ оди во Кале по уште победа против Работнички
Дуелот доаѓа во лош момент за Работнички кој се соочи со заминување на тројца важни странски кошаркари последните недели и тренерот Владимир Мирковски на располагање има само девет сениори кои ќе треба да му се спротивстават на актуелниот шампион. Од друга страна, МЗТ Скопје игра во одлична форма и е се поблиску до првото место на табелата каде беше најчесто во последните 13 години.
Шампионот буквално го гази Работнички последните четири години во кои доживеа само еден пораз, а во моментов е во серија од четири триумфи во дуелите со Работнички. Сето тоа му ја дава фаворитската улога на тимот од Аеродром кој се уште има најсилна база домашни кошаркари во своите редови.
Натпреварот меѓу Работнички и МЗТ Скопје се игра од 18 часот и тој е претпоследен од десеттото коло кое го затвораат Кожув и МКК Куманово.