Паје се повреди и во солзи излезе од игра, а Гризман за утеха - го бакна! (ВИДЕО)

Колку и да е голем влогот, колку и да е сјаен пехарот во едно натпреварување како што е Лига Европа, фудбалот, сепак има моќ да ги обединува противниците.

Таква ситуација видовме вечерва во Лион, на финалето меѓу Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј. Французите се соочија со голем хендикеп, кога Дмитри Паје ја напушти играта во 32. минута, поради повреда.

Лидерот на Марсеј со солзи и плач се движеше кон клупата, а во утеха му дојде Антоан Гризман. Точно дека му е сонародник и колега од репрезентацијата на Франција, но за овие 90 минути во Лион му е противник број 1. Сепак, тоа го тргнаа настрана и Гризман со бакнеж за утеха го испрати сонародникот на клупа. Тоа е моќта на фудбалот.