
Падна договор, Милан и Брајтон си подадоа рака за Еступињан - познати се деталите!
Росонерите за овој трансфер ќе платат 17 милиони евра, плус два милиони евра во бонуси.
Во текот на оваа недела трансферот треба да се официјализира и Еступињан да им се приклучи на новите соиграчи.
Фудбалерот претходно ги имаше договорено личните работи со италијанскиот гигант.