
Почина легенда на Ливерпул и велшкиот фудбал!
По подолга борба со болест, почина Џои Џонс. Велшката фудбалска легенда која 72 пати го носеше дресот на репрезентацијата.
Тој одигра три сезони во Ливерпул, но во нив освои се што можеше да се освои. Титула во Англија, два трофеи во Купот на шампионите, Куп на УЕФА и европски Суперкуп.
Во 1977 година во Рим, кога Ливерпул ја победи Борусија Менхенгладбах, Џонс стана првиот Велшанец кој го кренал пехарот од Купот на шампионите, денешната Лига на шампиони.
Покрај за Ливерпул, играше и во три различни периоди за Врексам, со кој го освои Велшкиот куп, а со Челси во 1984 година обезбеди промоција во најсилната англиска лига. Кариерата ја заврши во 1992 година на 37-годишна возраст.