
Шпанска спортистка ќе настрадаше на ЕМОФ во Скопје – ѝ падна таван врз глава (ВИДЕО)
Вчера имаше информација дека италијански спортисти биле оставени да одат пеш од хотел во населбата Карпош до арената „Тодор Проески“, како и фотографија дека спортистите треба да минат низ џунгла за да стигнат до салата „Борис Трајковски“. Доаѓаа многу вести за лошото сместување, неклиматизираните соби, отсуството на хигиена, редовни автобуси, а кулминација на сето ова е видеото на кое се гледа како една шпанска атлетичарка за малку ќе настрадаше, откако во нејзината бања буквално падна плафонот.
Станува збор за Ана Естрела де Леон, која се натпреварува во скок во далечина и во трискок.
„Не поминаа ни 72 часа, а веќе падна таванот во бањата“, напиша Шпанката во објавата, која е проследена и со коментарот - Уникатно искуство.
Детали за тоа каде е таа сместена нема, но добрата вест е што нема повредени во ова непријатно искуство за млчадата спортистка, која дефинитивно ќе го раскажува кога ќе се врати дома како презентација на црната слика за престојот во Македонија.