Драма на ЕМОФ: Девојче од В. Британија колабирало, интервенирала и итна помош!

Во текот на вчерашниот ден, за време на одржување на Европските младински олимписки игри (ЕМОФ), девојче од Велика Британија колабирало по што интервенирала итната помош.

Х.В. од Велика Британија со возило на итна помош била пренесена до Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

„На 21.07.2025 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје, за време на одржување на Европски младински олимписки игри, на Х.В.(18) од Велика Британија ѝ се слошило, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје за укажување на лекарска помош“, соопшти МВР.