Пехарот од ЕХФ Купот Алкалоид ќе го крене во Автокоманда!

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) денеска ги потврди термините за бараж мечевите меѓу Алкалоид и Хановер за влез во групната фаза од Европската лига, а тоа ја носи и информацијата каде и кога ракометарите на македонскиот тим ќе го кренат пехарот од Европскиот куп.

Алкалоид минатата сезона испиша историја откако освои европски трофеј. Триумфираше во Европскиот куп, но поради безобразното однесување на АЕК кој не сакаше да го игра реванш мечот во Скопје, доделувањето на пехарот беше одложено.

Тогаш преполната сала „Борис Трајковски“ не успеа да се израдува на успехот на Алкалоид, но тоа ќе се случи наскоро во Автокоманда.

Првиот меч меѓу Алкалоид и Хановер ќе се одигра на 31 август во Германија, а реваншот е седум дена подоцна во Автокоманда.
 
На тој ден, 6 септември Алкалоид и официјално ќе го добие пехарот за осојувањето на Европскиот куп.