Ништо од потпис со Вардар, Велковски оди во - босански гигант!

Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски наскоро би требало да потпише за најславниот клуб од Босна и Херцеговина, сараевски Железничар.

Велковски силно се поврзуваше со враќање во Вардар, но се чини дека тоа нема да се оствари.

Медиумите од Босна и Херцеговина тврдат дека недостасуваат детали за да се официјализира неговиот ангажман во ФК Железничар.

Преговорите се во завршна фаза и наскоро се очекува Железничар и официјално да го претстави Дарко Велковски како ново засилување.

Со овој трансфер би се зголемила колонијата на македонски фудбалери во главниот град на БиХ бидејќи од ова лето членови на лутиот ривал на Железничар, ФК Сараево се Стефан Ристовски и Агон Елези.