Шкендија е на чекор до групна фаза во КЛ и до - милиони евра!

Македонскиот првак Шкендија вечерва со 1-0 ја совлада ФЦСБ во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ) и само еден меч ја дело тетовската екипа од историја.

Шкендија со евентуална елиминација на ФЦСБ од ЛШ дефинитивно ќе си обезбеди најмалку пласман во групната фаза на Конференциската лига (КЛ), иако би можела да постигне и поголем успех во зависност од резултатите најпрво во ЛШ, а потоа и во Лига Европа.

Пласманот во групната фаза во третото по ранг натпреварува на УЕФА ќе им донесе и голема парична награда на тетовци, односно околу три-четири милиони евра.

Тетовскиот тим досега заработи околу 700.000 евра со пласманот во второто квалификациско коло на ЛШ, а очигледно финансиската добивка ќе се зголемува во следниот период.