
„Добро е што имавме мотивиран голман, инаку Шкендија ќе ни дадеше уште неколку гола!“
Тренерот на ФЦСБ, Елиас Караламбус ја призна немоќта на неговите избраници против македонскиот фудбалски шампион и посочи дека имале среќа што негативата по овој меч е само еден гол.
„Не одигравме добар натпревар во Скопје. Добро е тоа што имавме мотивиран голман, инаку Шкендија ќе ни дадеше уште неколку гола. Се надевам дека ќе победиме во реваншот. Честитки до Шкендија, заслужија триумф“, кажа Караламбус.
Реваншот меѓу ФЦСБ и Шкендија се игра на 30 јули од 19.30 часот во Романија.
Фото: Facebook/FCSB