Доаѓаат ултраси од Лозана - ќе биде жешко на Градски!

В четврток од 20:30 часот Вардар ја пречекува Лозана во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига, има најава за присуство на гостински навивачи.

За натпреварот во Скопје е најавено присуство на околу 100 навивачи на Лозана кои доаѓаат од нивната ултрас група.

Голема мобилизација најавуваат и Комити кои на западната трибина ќе го прослават и роденденот на Вардар кои денеска слави 78 години од своето постоење.

Се очекува жешка атмосфера на трибините. Надлежните го прогласија овој меч за натпревар од висок ризик.