Џака им даде „корпа“ на Италијанците, се враќа во Англија!

Милан, Интер и Јувентус го посакуваа Гранит Џака ова лето, но ниту еден од нив нема да го добие, швајцарскиот репрезентативец се враќа во Премиер лигата, ќе потпише за Сандерленд.

Најголемите гиганти од Италија не можеа да го победат Сандерленд во трката по потписот на Гранит Џака.

Фудбалерот ги договорил личните услови со новиот премиерлигаш, а двата клуба ги пеглаат последните детали по кои и официјално ќе биде соопштен трансферот.

Ова за Џака е враќање во Англија, тој седум години го носеше дресот на Арсенал каде помина од 2016 до 2023 година.