Сеск Фабрегас се враќа во Барса!

Шпанската фудбалска ѕвезда, Сеск Фабрегас за момент ќе се врати во Барселона, но овојпат во улога на тренер на Комо.

Барселона пред почетокот на секоја нова сезона традиционално го игра пријателскиот натпревар за Жоан Гампер Трофејот.

Овојпат каталонскиот клуб одлучи да го покани Комо чиј тренер е нивниот поранешен фудбалер кој и потекнува од Барселона, Сеск Фабрегас.

Фабрегас за првпат ќе игра како тренер против својата Барселона.

Мечот меѓу Барселона и Комо се игра на 10 август со почеток од 21 часот.