Откриени се нови детали: Давиде Астори требало да игра во Премирлигата!

Тренерот на фудбалерите на Тотнем, Маурисио Покетино кажа дека бил шокиран кога ја слушнал веста за смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.

Покетино на прес-конференцијата за новинарите пред натпреварот во Лигата на шампиони против Јувентус испрати сочуство до блиските на Астори и кажа дека сакал да го донесе во Англија.

„Тоа е голема трагедија. Се сретнав со него пред пет години зашто имав идеја да го донесам во Саутемптон. Беше одлична личност, одличен професионалец и брилијантен играч“, вели Покетино.

Да потсетиме, Астори беше пронајден мртов во хотелот во Удине, откако починал во сон од срцев удар.