Објавени резултатите од обдукцијата: Астори починал од срцев удар

По извршената обдукција италијанските власти со сигурност знаат од што починал фудбалерот Давиде Астор во неделата наутро во хотелот во Удине.

Фудбалерот на Фиорентина починал од срцев удар. Наодите од обдукцијата прво ќе им бидат испратени на неговите најблиски, а потоа и официјално ќе бидат објавени во јавноста.

Истрагата не е завршена, бидејќи медицинскиот тим кој работи на случајот ќе продолжува да ги истражува причините кои придонесе 31-годишниот фудбалер да добие срцев удар во сон.

Тие сакаат да утврдат дали во минатото Астори имал било какви срцеви проблеми и дали случајно имало пропусти во претходните медицински прегледи на Италијанецот. 

Телото на фудбалерот ќе му биде предадено на неговото семејство, а погребот на Астори ќе биде утре во 10 часот во Фиренца.