Онана добива конкуренција: Аморим бара нов голман
„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ангажираат нов голман затоа што тренерот Рубен Аморим сака вистинска конкуренција за Андре Онана, кој разочара со неговите настапи.
Во моментов во тимот е Алтај Бајиндир, меѓутоа Аморим планира да го продаде или испрати на позајмица затоа што не е задоволен од чуварот на мрежата.