
„Олф фирм“ дербито без победник: Ренџерс и натаму не знае за пораз (ВИДЕО)
Домашните го отворија резултатот преку Мохамед Елијонуси во 23-тата минута, додека Алфредо Морелос израмни за новиот шампион во 38-та минута. Глазгов Ренџерс и по 32 натпревари се без пораз во шкотската елита, а титулата ја обезбедија уште пред две недели.
Ренџерс имаат оточно 20 бодови повеќе од лутиот ривал Селтик, кој се наоѓа на второто место.