Официјално: Сити промовираше големо засилување за следната сезона!

Манчестер Сити го потврди трансферот на францускиот репрезентативец, Рајан Шерки кој на Етихад пристигнува од Лион.

Англискиот клуб за Шерки ќе плати 36 милиони евра плус 6 милиони евра во бонуси.

Фудбалерот потпиша петгодишен договор, со трајност до јуни 2030 година.

„Среќни сме што можеме да го соопштиме потпишувањето со Рајан Шерки“, стои во соопштението на Манчестер Сити.

Шерки блескаше на последните партии за француската репрезентација, особено беше впечатлив на дуелот со Шпанија кој Французите го загубија со 5-4.

Фото: Manchester City