Официјално: Куртоа заминува од Челси, а Ковачиќ пристигнува во Лондон! (ФОТО)

Челси и Реал Мадрид вечерва се договорија за трансферите на Тибо Куртоа и Матео Ковачиќ, а тоа го потврдија на своите официјални веб-страни.

Куртоа откако пропушти неколку тренинзи на „сините“ и беше казнет од страна на управата на лондонскиот гигант, конечно ја оствари својата голема желба и потпиша за „кралевите“.

Во моментов не се откриваат детали од договорот на Куртоа со Реал Мадрид, но наводно Белгиецот потпишал шестгодишна соработка.

Од друга страна, Ковачиќ кој беше незадоволен од минутажата во Мадрид, ќе добие шанса за да ја „оживее“ кариерата во Лондон, каде што пристигнува на позајмица.