Ново, досега најразгалено барање од Нејмар!

Стигна нов каприц од Нејмар, кога е во прашање неговата иднина во Пари Сен Жермен.

Според пишувањата на „Јаху спортс“, Бразилецот сакал да има можност да бира на кои натпревари од француската лига нема да настапи.

„Нејмар многу му е лут на Емери. Поради Кавани и стилот на игра, Нејмар сака некои привилегии. Сака да одбере кои натпревари не мора да ги игра“, пишува медиумот.

Нејмар досега се скара со Кавани за изведувањето пенали, јавно го критикуваше стилот на игра на ПСЖ и влезе во конфликт со тренерот Унаи Емери, па затоа последново е капак на серијата жалби и поплаки.

Тој досега постигна 14 гола на 13 натпревари, но пропушти три меча во Лига 1. Пред две недели не настапи против Анже, поради „мала повреда“. Дури и Емери имаше изјава дека ќе го поштедат, во консултација со лекарите, меѓутоа шест дена подоцна таа „мала повреда“ не го спречи Нејмар да игра во пријателскиот меч меѓу Јапонија и Бразил. По тој натпревар, го прашаа за проблемите во ПСЖ, а тој почна да плаче.

Нејмар дојде од Барселона за 222 милиони евра, заработува 600.000 илјади евра неделно нето плата и повторно наоѓа повод да биде незадоволен и да поставува барања.