Нов ВАР скандал во Англија - пак во корист на Сити! (ВИДЕО)

Манчестер сити синоќа го декласираше ВБА на гостински терен со убедливи 5-0 во рамки на Премиерлигата. Сепак, натпреварот не мина без контроверзи, бидејќи вториот гол на „граѓаните“ беше навистина чуден. 

Може да се каже дека судиите му „кумуваа“ на погодокот, особено, бидејќи многу од фудбалерите на ВБА застанаа откако помошникот судија, во случајов дама го крена знаменцето за офсајд. Играта продолжи, а Жоа Кансело постигна погодок. По консултација со ВАР, голот беше признат, бидејќи немаше офсајд позиција.

Проблемот е што помошничката го крена знаменците за време на акцијата, а според новите правила, кога ситуацијата е сомнителна судиите не треба да сигнализираат офсајд, треба да почекаат акцијата да заврши па потоа да го кренат знаменцето. Секако тука е и ВАР, па ситуацијата ќе биде проверена и ќе биде донесена правилна одлука.