Норич и официјално испадна од елитата и постави рекорд во Премиер лигата

Со денешниот пораз од Вест Хем со 4-0, на три кола до крајот на сезоната екипата на Норич и официјално испадна од Премиер лигата.

После 35 одиграни кола, популарните „канаринци“ забележаа само пет победи со шест ремија и дури 24 порази, а серијата од седум последователни порази во Премиерлигата беше фатална за овој тим.

Со денешното испаѓање, Норвич станува носител на рекорд во Премиер Лигата, затоа што пет пати испадна од највисокиот ранг на англискиот фудбал во новата ера.

Кристал Палас, Мидлзбро, Сандерленд и ВБА ја напуштија Премиерлигата по четири пати.