Нојер на 38 години го доби првиот црвен картон во кариерата (ВИДЕО)

Баер Леверкузен славеше против Баерн Минхен со 1-0 во германскиот Куп, а мечот го одбележа голманот Мануел Нојер, кој го доби првиот црвен картон во кариерата.

Нојер направи груб прекршок врз Џереми Фримпонг на 20 метри од својот гол и судијата му го покажа првиот црвен картон во кариерата долга 21 година.

Германецот досега има одиграно 867 натпревари за клубот и репрезентацијата, но досега не се соочил со вакво нешто.