
Њукасл сака да купи дури четири отпишани ѕвезди од Челси
Раководството од „Сент Џејмс Парк“ веќе ги исконтактирале челниците на лондонските „сини“ околу достапноста на четири фудбалери, за кои веќе подолго време медиумите на Островот посочуваат дека Томас Тухел сака да ги откачи и не смета премногу на нив.
Станува збор за Кристијан Пулишиќ, Калум Хадсон-Одои, Конор Галагер и Армандо Броја.
Според последните информации, Њукасл е заинтересиран за сите четворица, а од Челси побарале информација за достапноста, но и замолница ако дефинитивно на „Стемфорд бриџ“ се решат да ги продаваат, да ги информираат црно-белите за тие да испратат понуда за нивен ангажман.
Инаку од Челси сака да си замине и мароканската ѕвезда Хаким Зијеш, за кого повеќе од еден месец се најавуваше можен трансфер во Милан, но од сето тоа засега не излезе ништо.
За Хадсон-Одои заинтересиран е и градскиот ривал на Челси, Арсенал.