
Њукасл го потпиша првото звучно засилување – го плати 55 милиони фунти!
Станува збор за 23-годишен офанзивец, кој во Нотингем пристигна во 2023 година од Манчестер Јунајтед, за сума од околу 15 милиони фунти. Во дресот на Форест запиша 82 настапи и постигна 11 голови. Шведскиот крилен напаѓач има 22 настапи и четири гола за националниот тим.
Њукасл минатата сезона ја заврши на петтата позиција во англиската елита, што му обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите. Нотингем Форест, пак, ќе се натпреварува во квалификациите за Конференциската лига.
ФОТО: EPA PHOTO