Ниту Алегри, ниту Енрике: Арсенал најде интересно решение!?

Масимилијано Алегри кажа дека наредната сезона ќе остане во Јувентус, доколку не добие отказ од управата, па така Арсенал сега остана без уште еден потенцијален кандидат за тренерското место.

Поради најновите случувања, управата на „топчиите“, поточно Иван Газидис и Џош Кроенке најдоа друго решение, а станува збор за Микел Артета.

Поранешниот фудбалер на Арсенал ја почна својата кариера, па сега му е асистент на Пеп Гвардиола, но уште за време на неговата кариера како играч, Арсен Венгер зборуваше дека Шпанецот би можел да стане одличен стратег.

Наводно, управата почнала преговори со Артета, а доколку не успеат да се договорат со него, тогаш како алтернатива им останува Патрик Виера, кој и претходно беше споменуван како можна замена за Венгер.