Кјаер по четири години ќе замине од Милан

Дефанзивецот Симон Кјаер на крајот на сезоната го напушта Милан, а тоа го потврди неговиот менаџер.

Кјаер играше за „росонерите“ од 2020 година, кога дојде од екипата на Севилја, а досега настапи на 120 меча за поранешниот италијански шампион.

Данскиот фудбалер оваа сезона запиша само 24 настапи поради големиот број на повреди.