Неверојатно: Фудбалер на Манчестер сити уапсен поради – кражба на телефон!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Матеус Нуњеш, пред еден месец бил уапсен во Шпанија поради кражба на мобилен телефон, пренесуваат медиумите од оваа држава.

Тој се забавувал во мадридскиот ноќниот клуб „Ла Ривиера“, каде што и бил приведен од полицијата. Бразилецот забележал дека едно лице го фотографирало во тоалетот, по што дошол до него и му го одземал мобилниот телефон, за да го спречи да ја објави направената фотографија.

Лицето случајот го пријавило во полиција, која овој настан го третирала како грабеж. По приведувањето во полициска станица, Нуњеш бил пуштен со платена кауција. Бразилскиот интернационалец лани летото дојде во таборот на „граѓаните“ и досега има одиграно 20 средби за англискиот тим.