Неверојатно е што прави ВАР-от во Англија: Јунајтед доби комичен пенал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во моментов играат на гости против Астон Вила, а по првото полувреме гостите водат со 0-2, во рамки на 34-то коло од Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ дојдоа во водство во 27. минута од натпреварот со голот од пенал на Бруно Фернандеш. Но, доседениот удар од белата точка предизвика многу прашина.

Имено, се чини дека Бруно Фернандес го нагази играчот на Астон Вила, а потоа падна на земја, а судијата Мос покажа кон белата точка.

Англиската јавност е шокирана што дури и ВАР не ја смени својата одлука затоа што беше јасно дека тука нема елементи за казна.