Нема место во Мадрид: Навас заминува кај поранешниот тренер

Хулен Лопетеги вчера официјално беше претставен за нов тренер на Реал Мадрид, а тоа значи дека екипата ќе има неколку замени.

Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ се договориле со Алисон од Рома за неверојатни 75 милиони евра, а се поставува прашањето што ќе се случи во тој случај со Кејлор Навас.

Чуварот на мрежата на Костарика нема да се согласи да ја грее клупата, па поради тоа Навас одлучил да замине во Италија, односно во екипата на Наполи.

Навас е прва желба на Наполи, откако не успеаа да ги донесат Матија Перин и Руи Патрисио.

Новиот стратег на италијанскиот тим, Карло Анчелоти, има соработувано со Навас во Реал Мадрид.