Нејмар ја покажа повредата - не изгледа наивно (ФОТО)

ПСЖ синоќа го совлада Олимпик Марсеј со 3-0 во дербито во Лига 1, но домашните не славеа премногу, бидејќи Нејмар заработи повреда.

Бразилецот мораше да го напушти теренот во 77-та минута со солзи во очите откако го повреди скочниот зглоб на десната нога. Изразот на лицето на најскапиот фудбалер во светот кажуваше дека повредата воопшто не е наивна.

Засега нема никакви прогнози или точна дијагноза за каква повреда се работи, но Нејмар утрово на социјалните мрежи сподели фотографија од неговата повредена нога.

Шпекулациите велат дека веројатно нема да може да му помогне на ПСЖ во реваншот против Реал Мадрид во рамки на осминафиналето во Лигата на шампиони.