Навивачите на Шефилд му посветија песна на миленикот: Доаѓа од Босна - ќе ве убие! (ВИДЕО)

Екипата на Шефил Јунајтед денеска се пласираше во осминафиналето во ФА Купот, откако славеше со 0-2 на гостувањето кај Милвол

Премиерлигашот поведе во 62. минута преку Мухамед Бешиќ, по што следуваше делириум на трибините каде се наоѓаа гостинските навивачи.

Веднаш по голот следуваше песна од навивачите која му ја посветија на Бешиќ.

Ооо, Мо Бешиќ, ооо, тој доаѓа од Босна, тој еб*но ќе ве убие, Мо Бешиќ, ооо, пееја навивачите на Шефилд Јунајтед.