Навивачите на Јунајтед песимисти – на 26 октомври очекуваат смена на Солшер?!

Навивачите на Манчестер јунајтед немаат многу доверба во новиот менаџер Оле Гунар Солшер, после катастрофалната завршница на сезоната, па веќе го посочија 26 октомври како датум на кој норвежанецот може да биде сменет од кормилото на „црвените ѓаволи“.

Иако Солшер е омилен кај навивачите, најголем дел од нив се песимисти во новата сезона дека Јунајтед ќе тргне во таква серија со која практично би се борел за титулата со Ливерпул и Манчестер сити. Воведниот меч им е дома против Челси во дербито на отворањето на сезоната, а песимизмот навивачите го оправдуваат со нејасната стратегија на клубот дека тешко ќе направат сериозен тим со план да се подлмади екипата.

После мечот со Челси имаат гостување кај незгодниот Вулверхемптон, па „лесни“ мечеви со Кристал Палас и Саутемптон, но главното следи после септемвриската репрезентативна пауза имаат дуел со Лестер дома, па гостување кај Вест Хем и потоа дерби со Арсенал. Во деветото коло го дочекуваат Ливерпул.

И според навивачите, три порази во септември, сериозно ќе ја разнишаат клупата, а ако резултатите не се на нивото, октомври е пресвртницата. После новата репрезентативна пауза, посочен е дуелот со Норич на 26 октомври како клучен. Ако Јунајтед не победи – Солшер ќе лета.

Сега останува да се види дали ова сценарио насвистина може да се реализира, ако Јунајтед влезе во нова криза.