
Навивачите на Јунајтед бесни на капитенот: Избркајте го несреќникот во С. Арабија!
„Црвените ѓаволи“ беа блиску до победа, со оглед што капитенот Бруно Фернандеш во завршницата од првото полувреме промаши пенал. Португалецот, познат како еден од најсигурните изведувачи, ја испрати топката над голот, што предизвика големо незадоволство кај навивачите. Реакциите на социјалните мрежи беа жестоки – дел од фановите го нарекоа „срамота за клубот“, други му порачаа „да го продадат несреќникот во Саудиска Арабија“, а имаше и саркастични коментари дека шутнал „кон ѕвездите и го погодил Месечината“.
По мечот, Фернандеш се обиде да се оправда, изјавувајќи дека судијата бил виновен за промашување на пеналот (види ТУКА).