Направен урнебесен цртан филм за тоа како Мбапе го одби Реал Мадрид (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе, деновиве ја шокира јавноста дека кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ со кој потпиша нов договор, за чии услови преговараше речиси две години, а не во Реал Мадрид, со кого веќе имаше договорено буквално се.

Тој, поради својата одлука, се најде на удар на критиката, пред се во Шпанија, каде што се осудени енормните примања кои ќе ги има во Париз.

Популарниот магазин „Фор-фор-ту“ ја искористи ситуацијата за да направи урнебесен цртан филм во кој ја опушува сагата за (не)потпишувањето на Мбапе за Реал Мадрид, со анимирани ликови на фудбалерите и на функционерите.