Наполи го промовира Елмас со македонското знаме (ФОТО)

Откако газдата на италијанскиот вицепрвак Наполи, Аурелио Де Лаурентис се пофали на својот твитер-профил со потписот на договорот на макеоднскиот бисер Елиф Елмас, експресно и клубот официјално му посака добредојде на својот нов играч.

Наполитанците со кратка биографија ѝ го претставија Елмас на својата публика, а на сликата во дресот на наполитанците во позадина беше неизбежно македонското знаме. Овој потег на Наполитанците посебно ќе биде дочекан во земјава, зашто многу ретко клубовите прават вакви „мангупски“ потези и промоциите и објавувањето на новите засилувања најчесто минува во знак и боите на клубот, без претерано да се потенцира од каде доаѓа фудбалерот.

Трансферот е рекорден за Македонија, Елмас е најскап фудбалер во историјата, а исто так апостави и клупски рекорд во Фенербахче. Во Неапол дојде за 16 милиони евра, плус бонуси, плус процент од следна продажба. Потпиша петгодишен договор со почетна плата од 1,3 милиони евра до 1,7 милиони евра во последната сезона (2023/24) или вкупно 7,5 милиони евра.