Наполи без Елмас го сомле европскиот првак! (ВИДЕО)

Италијанскиот вицепрвак Наполи го растури европскиот шампион Ливерпул и го победи со убедливи 3-0 на пријателскиот меч денеска во Единбург, на кој не играше македонскиот бисер Елиф Елмас.

Тренерот Карло Анчелоти се реши да го остави Елмас во Неапол и без негода го одигра овој контролен меч, пред да заминат наполитанците на предсезонската турнеја во САД, каде ги очекуваат пресметки со шпанскиот првак Барселона, предводен од Лионел Меси,Луис Суарез, Ентоан Гризман...

Лоренцо Инсиње и Аркадиуш Милик погодија во првиот дел за лесно водство, а конечните 3-0 ги постави Јунес.