Најстариот син на Зинедин Зидан се повлече од фудбалот - сакал да биде бизнисмен!

Енцо Зидан, најстариот син на Зинедин Зидан, реши да се пензионира на 29-годишна возраст.

Синот на легендариот фудбалер во минатото играше за неколку тимови, меѓу кои се младинскиот и резервниот тим на Реал Мадрид.

Последен тим на Енцо му беше Фуенлабрада каде што играше во сезоната 2022/23, а се повлекува од фудбалот затоа што сакал да стане бизнисмен и да се посвети на инвестирањето.