Флик даде „зелено светло“: Полјак се враќа од пензија за да го замени Тер Штеген

Барселона потврди дека Марк-Андре Тер Штеген има сериозна повреда и ќе го пропушти остатокот од сезоната, а тренерот Ханси Флик веднаш почна потрага по нов голман.

Шпанските медиуми пишуваат дека каталонскиот гигант се решил за Војчех Шчесни кој неодамна замина од Јувентус и се пензионира.

Полјакот е подготвен да се врати од пензија и да застане на голот на Барселона, откако Роберт Левандовски разговарал со него.