Балотели има понуди од С. Арабија, но сака да остане во Европа

Контроверзниот напаѓач Марио Балотели е слободен агент откако му заврши договорот со Адана Демирспор, но неговиот менаџер Мино Рајола открива дека фудбалерот постојано добива понуди.

Интерес за 34-годишниот Балотели има од Саудиска Арабија, но поранешниот италијански репрезентативец сака да остане во Европа, односно во Италија.

„Марио сака да остане во Италија. Има многу понуди, посебно надвор од Европа, но сака да остане дома. Разговараме со неколку клубови и чекаме вистински проект. Ќе видиме што ќе се случи во следните месеци“, кажа Балотели.