По пауза од 20 месеци и две операции: Чилиќ освои турнир во Кина!

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ го освои турнирот во кинески Хангжу, откако во финалето беше подобар од домаќинот Жижен Жанг со 7-6 и 7-6.

Чилиќ додаде уште еден трофеј во својата богата колекција, а интересно е тоа што ова му беше прва титула по пауза од 20 месеци.

Искусниот тенисер поради повреда со коленото ја пропушти минатата сезона, а исто така имаше и две операции.

„Неверојатно е чувството кога по 20 месеци и две операции ќе освоите турнир. Имав повеќе среќа од мојот ривал, иако не бев подобар од него. Двата сета беа израмнети, двајцата игравме многу добро“, кажа Хрватот.

Чилиќ во кариерата успеа да стигне и до третата позиција на АТП-листата во 2018 година.