Мбапе побарал итен состанок со Анчелоти

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе имал состанок со тренерот Карло Анчелоти и му кажал дека нема да прави проблем доколку Италијанецот реши да го остави на клупата во одредени ситуации.

Мбапе минатото лето пристигна во Мадрид како големо засилување откако му заврши договорот со ПСЖ, но и покрај тоа смета дека Анчелоти секогаш прави вистински одлуки за тоа кој треба да излезе на теренот.

„Со мене нема да имаш никакви проблеми. Слободно може да ме оставиш на клупата за резерви“, кажа Мбапе.