Само на Балканот: Босански тим своите кошаркари ги сместил во – затвор (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Сутјеска од Фоча, кој настапува во Првата лига на Република Српска (БиХ), се одлучи на несекојдневен потег кој одекна во јавноста.

Челниците на оваа екипа пред неколку дена јавно му се заблагодарија на директорот на Казнено поправната установа „Фоча“, бидејќи им обезбедил сместување на играчите во нивната зграда.

„Ѝ благодариме на Управата на поправниот дом Фоча, која во законски рамки излезе во пресрет на КК Сутјеска, обезбедувајќи сместување за нашите играчи по минимални цени. Во време на високи кирии во нашиот град , оваа поддршка значително ќе ја олесни работата на клубот“, напишаа од Сутјеска.

Подоцна беше појаснето дека во ресторанскиот објект на КПЗ Фоча ќе живее само еден кошаркар, но не се знае кој ќе биде тоа.