Мурињо бил бесен по поразот од Галатасарај, се заканил и со заминување

Eкипата на Фенербахче за викендот претрпе тежок пораз од Галатасарај со 1:3, а тоа беше и првото големо дерби за Жозе Мурињо на клупата на Фенер и нема да го памети по добро.

Турските медиуми сега пренесуваат детали од соблекувалната каде што Мурињо наводно бил бесен за лошо одиграниот натпревар, па дури се заканил и дека ќе си замине ако уште еднаш одиграат така.

„По натпреварот Мурињо ги собра сите во соблекуалната и ја заклучи вратата. На голем екран им ги покажуваше грешките од натпреварот, а потоа им порача: Дојден сум тука да бидам шампион, ако одиграме уште еднаш ваков натпревар, ќе си заминам“, пишува новинарот Серчан Хамзаоглу.

Фенербахче веќе десет години е без титула во турскиот шампионат и Мурињо е доведен со цел да се прекине тој пост.